петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За време на војната во Газа загинале 4.385 луѓе, во Израел 1.400

За време на војната во Газа загинале 4.385 луѓе, во Израел 1.400

Во Појасот Газа загинаа 4.385 лица за 15 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Министерството за здравство на енклавата со која управува палестинската милитантна група Хамас.

Според новиот биланс, меѓу загинатите има 1.756 деца и 967 жени.

Најмалку 13.561 лице се ранети на таа палестинска територија, која беше бомбардирана од Израел како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

На израелска страна, повеќе од 1.400 луѓе беа убиени, а околу 200 беа киднапирани и земени како заложници од Хамас.