недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Забрана за движење на американските војници во странство

Забрана за движење на американските војници во странство

Американскиот секретар за одбана Марк Еспер издаде наредба за забрана за движење на сите американски војници во странство во период од 60 дена, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус во армиските редови.

Тој нагласи дека наредбата се однесува на сите американски сили, цивилниот персонал и нивните семејства.

Еспер истакна дека ќе има исклучоци, како на пример, ќе продолжи повлекувањето на американските војници од Авганистан.

Претходно, поради Ковид-19 и Франција најави повлекување на своите војници од Ирак.