Демонстрант на „Жолтите елеци“ загина откако во него удри камион на обиколница во Авињон.
Возачот на камионот е приведен, изјави заменик-обвинителката на Авињон Каролин Арманд.
Инцидентот во кој загина 23-годишниот демонстрант се случи еден ден откако во Стразбур беше изведен смртоносен вооружен напад во кој загинаа двајца, една жртва е во болница без знаци на мозочна активност, а повредени се уште 12 лица.
Франција е зафатена од бран масовни протести од средината на ноември, откако т.н. „Жолти елеци“ излегоа на улиците во знак на протест против зголемувањето на даноците за гориво.
Протестите ги одбележаа насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите од кои голем дел палеа автомобили и пљачкаа продавници во Париз.
Вкупно 4.099 демонстранти беа приведени во немирите.
Францускиот претседател Емануел Макрон се обрати на нацијата на 10 декември и рече дека ќе се преземат низа мерки за решавање на социјалната и економска криза во земјата и прогласи вонредна состојба поради актуелната економска и социјална состојба.