недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Прв пат заврна дожд на Гренланд на висина од 2.600 метри

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Прв пат заврна дожд на Гренланд на висина од 2.600 метри
Парче лед формирано по дождот на Гренланд

Прв пат откако се врши мерење падна дожд, а не снег на еден леден врв на Гренланд на висина од 2.600 метри.

Температурите на гренландскиот врв за време на викендот биле над нулата, трет пат за помалку од 10 години, јавува Си-Ен-Ен.

Топлиот воздух донел силен дожд, наврнале седум милијарди тони вода на заледената површина.

Ова биле најголемите врнежи на врвот на Гренланд откако почнале мерењата во 1950 година, според податоците на американскиот Државен центар за снег и лед. Количината на мразот кој е изгубен во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за ова време од годината.

Научниот од Центарот изјавил дека ова е доказ дека Гренланд забрзано се загрева.

-Она што се случува не е само топла декада или две во необичен климатси шаблон. Ова е без преседан, истакнал Тед Скамбос за Си-Ен-Ен.