Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби синоќа изјави дека загубите поради тоа што бродот „Евер дгивен“ бил заглавен во каналот неколку дена може да достигнат милијарда долари.
– Износот, штетата и загубите односно колку пари се потрошија за ископување, на влечења, се уште не се пресметани,но проценката е можеби повеќе од милијарда долари, изјави Осама Раби.
Бродот „Евер гивен“ беше заглавен во Суецкиот канал речиси една недела, а беше извлечен во понеделникот.
Суецкиот канал е вештачки канал долг 163 километри, што ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и ја одделува Африка од Азија.