петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Захарова: Американските паметни ракети ќе ги уништат сите докази во Сирија

Захарова: Американските паметни ракети ќе ги уништат сите докази во Сирија

Американските паметни ракети за кои зборува претседателот на САД, Доналд Трамп може да ги уништат сите докази за употребата на хемиско оружје во Сирија, вели Марија Захарова.

-Паметните ракети би требало да летаат кон терористите, не легитимно избраната влада која со години се бори против тероризмот на својата територија, истакна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Захарова со тоа му одговори на Трамп кој на Русија и порача да се подготви за нови, убави и паметни ракети во Сирија.

Односите меѓу двете држави се заострија, а во моментот се можеби и најлоши по наводите за хемиски напад во сирискиот град Дума, за кој е обвинет режимот на Башар ал Асад, кој пак е поддржан од страна на Русија.