Со цел да се обезбедат податоци за имоти, сметки, фирми итн во Грција кои можеби потекнуваат од незаконски активности, шефот на Управата за спречување перење пари Хараламбос Вурлиотис наредил замрзнување на имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, како и на членовите на нејзиното семејство и нејзиниот партнер, објвија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Ева Каили, според грчките и белгиските медиуми е меѓу четворицата уапсени и осомничени за скандалот со корупција, а за замрзнатиот имот веќе биле известени грчките кредитни институции, но и надлежните државни служби.