Службата за вонредни ситуации на Западна Австралија денеска издаде предупредување за опасност од шумски пожар, кој е вон контрола источно од градот Перт.
Локалните жители се предупредени да ги напуштат своите домови и да бараат побезбедно сместување.
Во сезоните 2019 и 2020 година, Австралија претрпе невидени пожари во кои животот го загубија 33 лица, вклучително и девет пожарникари, а изгореа повеќе од 17 милиони хектари површини.