сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Започна официјалната предизборна кампања за општинските избори во Франција

Започна официјалната предизборна кампања за општинските избори во Франција

Изутринава во Франција почна официјалната предизборна кампања за општинските избори во Франција, јави дописникот на МИА.

Вкупно 47,7 милиони француски гласачи треба да изберат градоначалници и општински совети на 34977 општини. Првиот круг на изборите е закажан за 15 март, додека вториот на 22 март.

Париз е градот кој секогаш привлекува најголемо внимание на општинските избори. Според Испитувањето на ИФОП-фидуцијал за Журнал ди Димаш и Суд Радио, кандидатката на Републиканците за градоначалник на Париз, Рашида Дати, поранешен министер за правда во Владата на Никола Саркози има доверба од 25 отсто од гласачите. Веднаш зад неа е актуелната градоначалничка на Париз од редовите на социјалистите, Ан Идалго со доверба од 24 отсто. На третата позиција е кандидатката на Републиката во движење Ањес Бузам со 20 отсто, додека кандидатот на Зелените Давид Белијард би добил 11 отсто од гласовите.

За вториот круг, претпоставувајќи дека ќе бидат овие четири личности во трка за најпрестижната градоначалничка фотелја во Франција, со евенетуалната заедничка листа на Ан Идалго и Давид Белијард ќе излезе прва со 37 отсто од гласовите, пред таа на Дати (32 отсто), и на Бузин ( 22 отсо).