понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зариф: Тоа се стари обвинувања со кои се занимаваше МААЕ

Зариф: Тоа се стари обвинувања со кои се занимаваше МААЕ

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека обвинувањата на Израел за нуклеарни амбиции на Техеран се „стари обвинувања“  со кои во минатото се занимавала Меѓународната агенција за атомска енергија.

– Претседателот на САД реагира на изнесување стари тврдења со кои веќе се занимаваше МААЕ, за да го поништи договорот, наведе Зариф синоќа на Твитер.

Шефот на иранската дипломатија нагласува дека тие податоци се објавени пред 12 мај кога Трамп би требало да донесе одлука за тоа дали ќе се повлече од нуклеарниот договор си Иран. Техеран негира дека кога било имал амбиции да се снабди со нуклеарно оружје.

МИА