петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заталканата ракета на Илон Маск ќе се судри со Месечината

Заталканата ракета на Илон Маск ќе се судри со Месечината

Ракета на компанијата на Илон Маск, „Спејс екс“, е на пат кон судир со Месечината откако помина речиси седум години во вселената, според мислењата на експертите, а пренесува „Гардијан“.

Ракетата-бустер беше лансирана од американската сојузна држава Флорида во февруари 2015 година, во рамки на мисија за испраќање на сателит во вселената.

Заталканата ракета немала доволно гориво за да се врати на Земјата, а ниту „доволно енергија за да избега од гравитацијата на системот Земја-Месечина“ според метеорологот Ериг Бергер.

Упатените веруваат дека ракетата, која претставува околу четири метрички тони на „вселенски отпад“, е на курс за судир со Месечината со брзина од околу 2,58 километри во секунда, во рок од неколку недели.

Бил Греј кој го пишува софтверот за следење на вселенски објекти во близина на Земјата, истакна дека ракетата „Фалкон 9“ веројатно ќе удри во далечната страна на Месечината, на 4 март. Се смета дека ударот нема голема важност, иако постои надеж дека би можел да пружи одредени информации.