среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затворени родилишта во Јоханесбург, бебиња умираат

Затворени родилишта во Јоханесбург, бебиња умираат

Јужноафрканските здравствени власти објавија дека шест новороденчиња починале од инфекција со бактеријата Клебсиела.

Поради тоа, неколку државни болници во Јоханесбург се затворени.

Најавено е и  затворање породилишта по голем број случаи на инфекција со таа бактерија, која е отпорна на конвенционална антибиотска терапија.

Клебсиела е опасна ако имуниот систем на пациентот е ослабен.

Министерот за здравство на Јужна Африка изјави дека болеста избила поради преголем број пациенти во болници, што спречило спроведување неопходни превентивни мерки. Во породилиштето и на одделението за неонатологија пополнети се 132 отсто од капацитетите на тие институции. (МИА)