понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски е подготвен да ја прифати иницијативата на Ердоган кој сака да му организира средба со Путин

Зеленски е подготвен да ја прифати иницијативата на Ердоган кој сака да му организира средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да ја прифати иницијативата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој сака да му организира средба со Владимир Путин, објави денеска украинскиот портал „Вести“, цитирајќи го членот на прес службата на украинскиот претседател Серхиј Никифоров.

Порталот соопшти дека го контактирале Никифоров, кој им соопштил дека е рано да се зборува за форматот на средбата. Тасс пренесува дека според Никифоров станува збор само за начелно прифаќање на ваква средба.

Зеленски вчера имаше телефонски разговор со Ердоган, а претходно и рускиот претседател разговараше со својот турски колега .

Според соопштението од кабинетот на Ердоган, тој му кажал на својот украински колега дека Турција е подготвена да продолжи со напорите да посредува во мировниот дијалог меѓу Русија и Украина.

За време на вчерашниот телефонски разговор со Путин,апк, турскиот претседател понуди да организира состанок во Истанбул на кој ќе присуствуваат претставници на Русија, Украина и Обединетите нации. (МИА)