Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешното обраќање до нацијата истакна дека неговата делегација има „јасна задача“ да направи се што може за да обезбеди средба меѓу двајцата претседатели.
– Тие мора да сфатат дека ова е комплицирана приказна, како и тежок, но исклучително неопходен пат, изјави Зеленски.
Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, потврди портапоролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој воедно е и член на рускиот преговарачки тим.
Михаил Подољак, еден од украинските преговарачи и советник на украинскиот претседател еленски, ја потврди изјавата на Кремљ, јави Би-Би-Си.
– Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија, која се одржува денеска, ќе се фокусира на постигнување договор за прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина, истакна Подољак.
Тој напиша на социјалните мрежи дека „позицијата на Украина останува непроменета во инсистирањето за прекин на огнот пред да се одржат евентуални разговори за натамошните односи“.