недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски им ги одзема чинови на двајца генерали: Сите предавници ќе бидат казнети

Зеленски им ги одзема чинови на двајца генерали: Сите предавници ќе бидат казнети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ситуацијата на југот и во регионот на Донбас и натаму е многу тешка, а откри и дека сменил двајца членови на националната безбедносна служба поради обвинение за предавство.

Зеленски открива дека се работи за шефот на внатрешната безбедност и шефот на безбедносниот огранок во регионот Херсон. Одземени им се чиновите „генерал“.

-Немам време сега да се занимавам со предавници, но ќе бидат казнети. Оние службеници и високи официри кои ќе ја прекршат заклетвата во поглед на заштита на нашата држава, нејзината слобода, независност, ќе бидат лишени, согласно членот 48 од Дисциплинската повелба на Оружените сили на Украина, од највисоките воени чинови, истакнал Зеленски.

Посочич дека на Украина и претстојат уште битки и дека мора да одат во многу тежок пат за да добијат се што сакаат.