Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на САД за новиот пакет воена помош што Вашингтон го објави синоќа.
Новата помош од 2,5 милијарди долари вклучува и неколку стотици оклопни возила. Сепак, меѓу ветената воена опрема нема тенкови Абрамс.
Зеленски ја дефинираше новата помош како важна за борбата на Украина против агресорот.