вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Имаме работа со терористи

Зеленски: Имаме работа со терористи

Утрото е тешко. Имаме работа со терористи. Десетици проектили, ирански „Шахиди“. Тие имаат две цели – едната цел се енергетски капацитети низ целата држава, а другата цел се луѓето, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното видео-обраќање.

Тој потврди дека се извршени напади во Киев и регионот Хмелницки, Лвов и Дњепар, Виницја, Ивано-Франковскиот регион, Запорожје, Суми, Харков, Житомир, Кировохрад. во јужниот дел на земјата.

– Сакаат паника и хаос, сакаат да ни го уништат енергетскиот систем. Тие се безнадежни. Втората цел се луѓето. Вакво време и вакви цели се специјално избрани за да предизвикаат што поголема штета, нагласи Зеленски.

Тој ги повика Украинците денеска да останат во засолништа и секогаш да ги следат безбедносните правила.

– И секогаш запомнете: Украина постоеше пред да се појави овој непријател, Украина ќе постои и после него, истакна Зеленски.