вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина

Зеленски ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина, еден месец откако ја нападна Русија.

„Сега е веќе цел месец. Не сме виделе вакви разурнувања од Втората светска војна. Видете што и направи руската војска на нашата земја“, изјави Зеленски пред пратениците во шведскиот парламент преку видео врска.

Зеленски, рече дека едномесечното руско бомбардирање на Украина е слично со тоа што светот го виде во Сирија.

Додаде дека десет милиони жители на Украина се раселени и ги повика „шведските компании и државата да дојдат и помогнат во обнова“ на земјата.

Во своето обраќање пред шведските парламентарци, Зеленски, предупреди на можноста Русија да употреби нуклеарно и хемиско оружје.