Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново обраќање на својата Фејсбук страница.
Тој рече дека неговите приоритети и приоритетите на Украина во преговорите се апсолутно јасни – крај на војната.
– Моите приоритети во преговорите се апсолутно јасни. Крај на војната, гаранции за безбедност, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции за нашата држава, вистинска заштита на нашата држава.