петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Украина нема да отстапи територии во замена за мир

Зеленски: Украина нема да отстапи територии во замена за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да отстапи територии во замена за мир со Русија.

Зеленски изјави за Си-Ен-Ен дека Украина не сака да ѝ отстапи ниту една територија на Русија и посочи дека територијалните отстапки нема да бидат дел од дипломатските преговори за ставање крај на војната.

„Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека тие територии ѝ припаѓаат на Русија. Ова е наша земја“, рече претседателот на Украина.