Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и дека нема намера да се предаде.
Во интервјуто емитувано од Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да и’ се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина за да го запре конфликтот.
„Украина и нејзиниот народ се јасни. Ние немаме право на туѓи територии, но нема да се откажеме од нашите“, рече Зеленски.
Кога Владимир Путин зборува за преземање на Донбас, тој всушност мисли на двата големи источни региони, Луганск и Доњецк, кои се протегаат од Мариупол на југ сè до северната граница. Овие два региони го претставуваат Донбас, област каде што се произведувал јаглен и челик за време на Руската империја и СССР.