Претседателот на Украина, Володимир Зеленски утре ќе се обрати пред германскиот Бундесрат. Зеленски ќе се обрати преку видео врска.
Според „Билд“, ова е првпат на седницата на сојузниот дом да биде вклучен и странски државник.
Сојузните покраини планираат да донесат одлука за солидарност со Украина, поддршка за санкции и подготвеност да примат украински бегалци.