Претседателот на Украина, Володомир Зеленски ја посети ранетата 16-годишна тинејџерка во болницата во Киев и од неа дознал дека е ѕвезда на ТикТок.
Катја Власенко и нејзиното семејство беа цел на напади додека се обидуваа да побегнат од Киев. Според извештаите, Катја со своето тело го заштитила својот помал брат (8) за време на рускиот напад додека со автомобил бегала од родниот град.
Во четвртокот ја посети претседателот на Украина, кој беше пофален низ целиот свет за неговата храброст, а таа му ја пренесе радосната вест.
– Сите ве поддржуваат на ТикТок – му рече Катја на претседателот, што го насмеа.
– Значи, го завземавме ТикТок?, ја праша Зеленски.
– Сите зборуваат за вас, се е за вас, одговори таа.
Меѓу повредените кои ги посети Зеленски, беше и возачот на автомобилот кој беше нападнат, при што загина американскиот новинар Брент Рено, а негов колега беше повреден.