вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски во Бугарија на средби со државниот врв

Зеленски во Бугарија на средби со државниот врв

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека пристигнал во Бугарија за да се сретне со премиерот, претседателот, политичарите и новинарите.

-Ќе разговарам суштински со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, официјални претставници од Владата, парламентарци, политичари и новинари, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека главни теми на разговорите ќе бидат одбранбената поддршка, евроатлантските интеграции на Украина, Самитот на НАТО, безбедносните гаранции, како и спроведувањето на украинската мировна формула.

Зеленски се сретна со бугарскиот премиер Денков и вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

-Ја изразивме нашата солидарност со Украина и со украинскиот народ, напиша Габриел на Фејсбук.

Зеленски е во еднодневна посета на Бугарија. Предвидено е да се сретне со лидерите на парламентарните групи кои ја претставија нацрт-декларацијата за поддршка на членството на Украина во НАТО.

За време на неговата посета се очекува да биде потпишана заедничка декларација за евроатлантските интеграции на Украина и меморандум за соработка во областа на енергетиката, јави БТА.