среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски во ненајавена посета на Словачка

Зеленски во ненајавена посета на Словачка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Словачка, соопшти Кабинетот на словачката претседателка Зузана Чапутова.

Зеленски вчера беше во Бугарија и Чешка, а вечерава е предвидено во Истанбул да сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Украинскиот претседател го засилува притисокот врз членките на НАТО за поголема помош и поддршка за членството на Украина во изминатите недели, пред состанокот на Алијансата во Вилнус следната недела.