понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земан планира да средината на јуни повторно да го именува Бабиш за премиер

Земан планира да средината на јуни повторно да го именува Бабиш за премиер

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека до средината на јуни планира по вторпат да го именува бизнисменот Андреј Бабиш за премиер.

– Ќе го именувам Андреј Бабиш за премиер пред 15 јуни, изјави Земан за чешка телевизија.

Партијата АНО на Бабиш постигна коалициски договор со Социјалдемократската партија, кој ќе стапи во сила кога ќе го потврдат членовите на СДП на интерен референдум закажан за 15 јуни.

Земан првпат го именуваше Бабиш за премиер во декември минатата година, меѓутоа неговата малцинска влада не го помина гласањето во Парламентот.

Бабиш побара втор мандат од Земан за да се обиде да добие доверба и да стане премиер.

Тој рече дека доколку договорот со социјалдемократите пропадне, предвремени избори ќе бидат одржани следната пролет. Земан е против тие избори.

МИА