Земјите од Европската унија издвоија повеќе од 10.000 болнички кревети за Украинците, додека Франција е подготвена да ги прими своите први пациенти до крајот на неделата, изјавија денеска во Париз европската комесарка за здравство Стела Киријакидес и францускиот министер за здравство Оливие Веран.
„Одвоивме повеќе од 10.000 кревети во болниците во земјите-членки за да ги префрлиме пациентите кои чекаат третман“, рече еврокомесарот, додавајќи дека ова вклучува кревети за болни деца, предвремено родени бебиња и нивните мајки, пациенти со рак и луѓе со тешки изгореници, како и пациенти во единиците за интензивна нега во украинските болници.
Првите пациенти веќе пристигнаа во Полска и Италија оваа недела, додека Веран рече дека Франција ќе може да ги прими првите украински пациенти до крајот на неделата.
Сепак, не се планира испраќање медицински персонал во пограничните земји бидејќи ЕУ не добила барање од тие земји.