Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран на грчкиот остров Алонисос во Егејското море, јави електронското издание на весникот „Прото тема“.
Потресот го почувствувале и жителите на соседните острови Скопелос, Скијатос, но и во некои делови на континентална Грција.
Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на островот Алонисос.
Нема информации за повредени лица, ниту за причинета материјална штета.