петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗЕМЈОТРЕСОТ ПРЕПОЛОВИ СЕЛО ВО ТУРЦИЈА – распуканата земја е застрашувачка, јужниот дел од селото е отцепено за два метри (ВИДЕО)

ЗЕМЈОТРЕСОТ ПРЕПОЛОВИ СЕЛО ВО ТУРЦИЈА – распуканата земја е застрашувачка, јужниот дел од селото е отцепено за два метри (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе се продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради, повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.

„Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“, рече Ердоган доцна во вторникот, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател.

„Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици“, додаде тој.

Повеќе од 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13.000 се уште се во болници, рече Ердоган.

Турските медиуми јавуваат дека селото во округот Доганшехир во Малатија е буквално пресечено на два дела. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метра, додека куќите на север останале недопрени.

Медиумите јавуваат дека пукнатината е долга 16 километри.