Младиот пливач Марко Пејчиноски, Златната Бубамара ја доби за спортски подвиг на годината.
Пејчиноски е херојот кој, во август лани, на 12 годишна возраст и со нарушено здравје, на големиот православен празник Голема Богородица, успеа по осум часа да го преплива Охридското езеро.
Марко успеа, да им покаже на сите дека и малите можат да постигнуваат големи успеси.
Го слушате тој аплауз за Марко? Грмеше салата! Марко срце едно големо #ЗлатнаБубамара
— Ina (@mnogufina) February 24, 2019
Фала мал пливачу за грутката во грло.
— Tom is Love (@egodollaric) February 24, 2019
И јас ќе го препливав Охридско на 12 години ама мајка ми тогаш ми викаше “излегувај од вода модра ти е устата”
— Д Зоро (@The__Zorro) February 24, 2019
Голема почит за подвигот Марко #ЗлатнаБубамара
— Viko von Drom (@vikohyeah) February 24, 2019
И првиот пат коа им одговараше на новинарите, плачев како и сега. Детево е цар❤? #ЗлатнаБубамара
— К(ако) Кралица (@kakokralica) February 24, 2019