четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

Ќулавкова: Не признавам Устав на Македонија без Македонци

Ќулавкова: Не признавам Устав на Македонија без Македонци

Не признавам Устав на Македонија без Македонци, пишува на Твитер академик Катица Ќулавкова, коментирајќи уставните измени произлезени од договорот со Грција како и изјавите премиерот Заев и министерот Димитров дека зајакнат ни бил идентитетот.

– Која трагична иронија: ем „зајакнат идентитет“, ем никој не смее ни да „прејудицира“ дека во Македонија живеат Македонци, вели Ќулавкова Таа потенцира дека граѓани како категорија си се граѓани, и ништо повеќе, безлични, без идентитет.