среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

Таче ЌУРКАТА сам се прогласил за неспособен, Твитер заедницата му тера СЕИР на Ковачевски

Таче ЌУРКАТА сам се прогласил за неспособен, Твитер заедницата му тера СЕИР на Ковачевски

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денес на прес конференција соопшти нов скандал поврзан со премиерот Димитар Ковачевски.

-Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен. Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата, рече Ковачки.

Тие му порачаа на Ковачевски дека ако во рок од 24 часа не ја каже сам вистината, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја обелодени целата вистина.

На оваа прес конференција не остана должна и Твитер заедницата. Па така му испратија порака на Ковачевски.