понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Струга: Четири лица киднапирале маж, па го нападнале

Струга: Четири лица киднапирале маж, па го нападнале

Триесетгодишниот М.З. од Струга пријавил во полиција дека вчера во околу 12: 30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, со употреба на сила, Д.Н. од Охрид и уште три лица го внеле во патничко возило и го однеле на имотот на И.К. во Охрид, каде И.К. и Д.Н. физички го нападнале.

Според пријавеното, причина за нападот биле претходни меѓусебни недоразбирања. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.