Кошаркарот на Минесота, Џими Батлер го извести менаџерот на клубот дека сака да го промени тимот.
Како што објави ЕСПН, играчот комуницирал со главниот тренер Том Тибодо и побарал од него да биде пуштен во друг клуб.
Според изворот, главните опции за продолжување на кариерата за Батлер се Бруклин, Њујорк и Лос Анџелес Клиперс.
Батлер кој има да одработи само уште една година од договорот со Минесота, сака да ја смени средината поради затегнатите односи со некои соиграчи.