Во текот на неодамнешните потреси во Јужна Кореја, надзорната камера во едно родилиште забележа неверојатна ситуација. Кога почна земјотресот, количките во кои беа сместени бебињата почнаа да се помесуваат низ собара и бебињата беа во голема опасност да паднат од нив.
Дежурните медицински сестри инстинктивно почнаа да реагираат и брзо ги задржаа количките. За среќа, ниту едно бебе не е повредено и се помина во најдобар ред.
Јужнокорејското пристаниште Поханг во ноември беше погодено од потрес со јачина од 5,4 степени по Рихтерова скала, во кој се повредени 57 лица, а нанесена е голема штета на станбените објекти. Тоа до сега е втор најјак потрес забележан во Јужна Кореја.
Погледнете го ова драматично видео: