четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изгоре автомобил на автопатот Велес- Скопје

Изгоре автомобил на автопатот Велес- Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 03:34 часот наутро во Единицата за информирање и команда А. З. пријавил дека околу 03.00 часот додека се движел по автопатот Велес – Скопје, во
близина на клучка „Хиподром“ со патничко моторно возило „Пежо 206“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Струмица, забележал дека возилото ја губи погонската сила, по што застанал, информираат од МВР.

Од клима уредот и моторот возилото почнало да чади и потоа се запалило, при што изгорело во пределот на моторот и внатрешноста. Од страна на БППЗ со едно противпожаено возило пожарот е изгаснат.