вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И за Димитров Илинден е бугарски празник

И за Димитров Илинден е бугарски празник

На денешната прес-конференција на која министерот за надворешни работи, ги раскажуваше поволностите од Договорот од Преспа, новинар на порталот Инфомакс.мк постави прашање кое го замолчи Димитров.

Со драмска пауза започна одговорот на прашањето на новинарот на Инфомакс.мк до министерот Димитров „Чиј празник е Илинден?”

По паузата Димитров како никогаш до сега, не знаеше што да каже, па во стилот на неговиот премиер, кој би рекол како “киша око Крагујевца” видно растревожен и нервозен од прашањето кое не беше дел од неговата агенда, говореше што Македонскиот народ ќе добие од Договорот со соседна Бугарија.

Немоновно, за крај порача дека нема ништо лошо во тоа Илинден да е и бугарски празник.

-Одите во претпоставувам на другиот договор со прашањето. Имате алузија. Значи во нашиот регион Балканот имаме многу богата историја и многу испреплетена историја. Целта на комисиите што ги формиравме и со Бугарија и со Грција. Со Бугарија комисијата имаше првичен состанок, со Грција се уште не ама комисијата е формирана, е како историските наративи на нашите на Македонија и на нашите соседи е да не бидат еден против друг туку да бидат покомплементарни.

За нас Илинденското востание е еден од столбовите на кои што почива македонската држава, 2 Август 1903 година. Бугарија има друг поглед и затоа, задачата на историчарите не на политичарите е како да најдат заеднички јазик и како тоа да не биде непомирливо. Ние ништо не губиме ако тој голем настан е важен и за друга држава и за друга историска традиција, истакна видно збунетиот Димитров.

Сепак, доколку размислиме подобро ние веќе загубивме. Го загубивме правото да кажеме дека Илинденското востание е македонско и дека Илинден е македонски празник.

 

Извор: Република

Најнови вести