сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Музика, не мобилни!“ – кампања на Македонската филхармонија

„Музика, не мобилни!“ – кампања на Македонската филхармонија

„Музика, не мобилни – исклучи го телефонот, вклучи ги сетилата!“ е новата кампања на Македонската филхармонија која ќе почне в четврток, со првиот симфониски концерт во новата сезона и настапот на солистот Лука Дебарг и диригентот Јерухам Шаровски.

Целта е да се подигне свеста кај посетителите да не користат телефони за време на музичките настани. Според директорот Виктор Илиески, невкусно е кога за време на концертите на класична музика, кога, како што вели, имаме мир и благосостојба, кога се одмораме од секојдневието и кога сме силно сконцентрирани на она што како естетика, филозофија и музика ни се нуди, тоа да се нарушува со звуците или блицевите на телефонот.

– Употребата на телефонските апарати им пречи и на оние коишто се на сцената, затоа што постои можност за деконцентрација, одвлекување на вниманието, а со тоа и за несоодветно претставување на делото што го изведуваат. Класичната музика е специфична и бара силна посветеност, огромна жртва и континуирана работа. Сето тоа може да исчезне во само еден миг ако заѕвони нечиј телефон, на пример. И со оваа кампања, покрај, се разбира, програмската политика на куќата, Македонската филхармонија тежнее да биде во чекор со европските стандарди, истакнува Илиески.