сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Апсење во Србија заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил

Апсење во Србија заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил

Српската полиција уапси седум луѓе поради сомневање за препродажба на 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил во државата, јави Танјуг.

Лицата се осомничени за кривични дела здружување заради вршење кривично дело како и злоупотреба на службена должност.

Осомничените во периодот од јуни до август оваа година набавиле околу 31 тон месо и месни преработки од Бразил на кои им бил поминат рокот за употреба. Полицијата се сомнева дека расипаното месо го препродале на разни фирми кои се занимаваат со преработка на месо.

МИА