понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес во јужниот италијански регион Калабрија

Земјотрес во јужниот италијански регион Калабрија

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот италијански регион Калабрија, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Епицентарот на потресот бил на подрачјето меѓу општините Палми, Бањара Калабра, Семинара и Џила.

До овој момент нема податоци за жртви или предизвикана материјална штета.

МИА