вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ нареди состојба на највисока борбена готовност

Вучиќ нареди состојба на највисока борбена готовност

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ нареди ставање на комплетната војска во највисока борбена готовност, јавуваат српските медиуми.

Кабинетот на претседателот, кој е Врховен командантм ја потврдил информацијата.

Наредбата му била пренесена на началникот на Генералштабот на војската на Србија.

Претходно, околу 60 припадници на специјалната полициска сила на Косово, РОСУ, биле распоредени на хидроцентралата Газивода.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека во полна готовност се и српските полициски сили.