четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Кариерата на познатиот фудбалер доведена во прашање, хроничната повреда му предизвикува сериозни проблеми

Кариерата на познатиот фудбалер доведена во прашање, хроничната повреда му предизвикува сериозни проблеми

Хронична повреда во стомакот може да ја стави кариерата на Кристијан Ериксен под знак прашалник. Ова го изјави тренерот на Данска, Оге Харејде.

Тој откри дека станува збор за проблем со стомачните мускули.

– Од Тотенхем ни открија дека ова е проблем од доста време и се многу загрижени. Слична повреда може да се претвори во хронична, изјави тренерот на Данците пред локалните медиуми.

Дваесет и шест-годишниот фудбалер ги пропушти последните натпревари на лондонскиот тим против Барселона во Лигата на шампиони, како и против Хадерсфилд, и Кардиф во Премиер лигата.

Ериксен не пропуштил натпревар за Тотенхем поради повреда од сезоната 2015-2016.

Данскиот фудбалер игра за Тотенхем повеќе од пет години, откако има постигнато 41 гол во 177 натпревари.

МИА