Собранието на Република Македонија го усвои Законот за амнестија, со кој ќе бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци. На 3.097 лица, пак ќе им биде намалена казната за 30 проценти. Амнестијата не се однесува на лицата кои кривичните дела ги сториле после 20 септември минатата година, како и за лица по кои била издадена потерница.
Амнестијата, како што претходно објави МИА не се однесува и на лицата осудени со правосилна пресуда за доживотен затвор, за убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.
Во законот не се замени предвид забелешките кои ги имаше народниот правобранител Иџет Мемети кој предупредуваше дека законот е неправичен и нецелосен, бидејќи ги става во нееднаква положба осудениците и оти ќе има селективно извршување. При донесувањетона одлуката не присуствуваа претениците од опозицијата.
Во Република Македонија од осамостојувањето донесени се повеќе закони за амнестијата во 1991, 1999, 2002 и во 2003 година (ревидиран во 2004 година).
Апеллацискиот суд, пак, ги одби како неосновани жалбите за изречениот притвор на уште седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.
Според одлуката, Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска остануваат во притвор.
Во петокот, на 12 јануари, како што претходно објави МИА, Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието.
Апелацискиот суд по одржаните седници на 11 и 12 јануари, соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски.