четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Паднал од 10 метри висина: Загина велешанец додека полевал дрвја

Паднал од 10 метри висина: Загина велешанец додека полевал дрвја

Во текот на вчерашниот ден околу 08:40 часот било пријавено дека на улица „Богдан Прличков“ во Велес, додека Б.Ѓ.(72) ги полевал дрвјата во дворот, се лизнал и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи, информираат од МВР.

Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.