Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг утре и задутре ќе престојува во Македонија.
Ќе има средби со државниот врв и со лидери на политички партии. В четврток ќе се обрати пред пратениците во Собранието.
При последната средба со премиерот Заев во седиштето на Алијансата во Брисел, генералниот секретар изјави дека вратата на НАТО останува отворена и дека ја поддржува Македонија на патот за членство во сојузот.
По три години, ова е прва посета на генерален секретар на Алијансата на земјава. Во мај 2014-та година, во Македонија беше тогашниот прв човек на НАТО, Андрес Фог Расмунсен.