четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Турската полиција со дронови ги бара остатоците од телото на Кашоги

Турската полиција со дронови ги бара остатоците од телото на Кашоги

Турската полиција со дронови  ја пребаруваат околината на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, откако конечно добија дозвола за пристап до имотот на кој како што се верува дека саудиски тим за ликвидации го убиле новинарот Џамал Кашоги и ги отстраниле деловите од неговото тело.

Форензичкиот тим утрово го напушти конзулатот по деветчасовна претрага на резиденцијата на конзулот и   конзуларните возила. Самиот конзулат исто така беше пребаран и по втор пат. Од особен интерес на форензичарите била гаражата под домот на конзулот како и делови од градината на имотот кои биле прекопани. Иследниците зедоа неколку кутии и вреќи со нив.

Турското Министерство за внатрешни работи вети дека резултатите од истрагата ќе бидат споделени со светот.