четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Асистентот на Сари го предизвика гневот на Мурињо

ФОТО: Асистентот на Сари го предизвика гневот на Мурињо

Еден од помошниците на Маурицио Сари во Челзи стана причина за гневниот испад на Жозе Мурињо на
крајот на изминатото дерби меѓу тимот од Лондон и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Се работи за Италијанецот Марко Јани, кој се води како втор асистент на менаџерот. Тој го испровоцира Мурињо со претераната реакција пред гостинската клупа, поради која тренерот на „црвените ѓаволи“ се обиде физички да се пресмета.

Јани ја одработува својата трета сезона во штабот на Сари, во кој има уште деветмина, меѓу кои и Џанфранко Зола. Помошникот, роден во 1982 година ја фокусира својата работа на тактичкиот дел од играта. Во Италија
е познат како еден од „четворицата волшебници“ кои му помагаат на Сари.

Марко Јани беше фудбалер во ниските дивизии на италијанскиот фудбал, откако долго време остана во Самбенедетезе. Тој беше дефанзивен играч од средниот ред, а активно престана да игра фудбал на 32-годишнa возраст, по што стана тренер на Чита ди Кампобасо во четвртата дивизија, а потоа премина во Наполи.