Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативецот на Швајцарија Џердан Шаќири повторно ја тресе јавноста со неговата изјава поврзана за спортот и политиката.
Имено оваа негова изјава предизвика бура од реакции особено во соседна Србија која на СП годинава во Русија беше провоцирана од фудбалерот на Швајцарија со потекло од Косово.
Во интервју за „Ливерпул Ехо“ Швајцарецот вели дека од мечот со Црвена Ѕвезда очекува исвиркување, но е свестен дека не треба да се меша политиката и спорот.
-Секако некои може и ќе ме свиркаат, но тоа ќе гледам како на секој друг меч. На крајот тоа е сепак само фудбалски меч, тоа е важен меч и ние сакаме да победиме. Спорот не е политика, вели Шаќири.
Со оваа контрадикторна изјава ги збуни сите, а особено Србите кои му се лути поради потегот на мечот помеѓу Швајцарија и Србија за време на СП 2018.