четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати составите: Митревски и Даскалоски ќе ја бранат Македонија од Грција (ФОТО)

Познати составите: Митревски и Даскалоски ќе ја бранат Македонија од Грција (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави составите за вториот натпревар меѓу Грција и Македонија од квалификациите за пласман на Европското првенство за две години кое ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија.

Во македонскиот состав има две промени и тоа на голманската позиција. На местото на Борко Ристовски и Мартин Томовски, селекторот Раул Гонзалес ги има на располагање голманите на Стразбур и Констанца, Златко Даскалоски и Никола Митревски.

Остатокот од тимот е ист во споредба со првата средба од квалификациите против Турција. Натпrеварот меѓу Грција и Македонија се игра денеска во салата во Кожани со почеток во 16:00 часот.