четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

БОМБА ВО РЕАЛ: Лопетеги доби отказ, ова е новиот тренер на „Кралевите“

БОМБА ВО РЕАЛ: Лопетеги доби отказ, ова е новиот тренер на „Кралевите“

Фудбалскот клуб Реал Мадрид го отпушти тренерот Хулен Лопетеги, ден по понижувачкиот пораз од Барселона од 1:5.

За привремен тренер е именуван Сантиаго Солари, кој до сега го предводеше тимот Б на Реал.

-Управата на Реал Мадрид одлучи да го раскине договорот со тренерот Лопетеги. Тоа е потег кој е повлечен со најголемо чувство на одговорност и со цел да се смени динамиката во првиот тим. Лопетеги провремено ќе го заменува Сантиаго Солари, кој од утре ќе се преземе екипата, се наведува во соопштението на клубот.

Сантиаго Солари

Поранешниот фудбалер на Реал, сега тренер, ја има освоено Лигата на шампионите и две титули со клубот откако во 2000 година дојде во тимот од градскиот ривал Атлетико. Аргентинецот помина 5 години во клубот, по што замина во Интер каде освои три шампионски титули во три сезони.

Многумина сметаат дека Солари е привремено решение за „Кралевите“, но никогаш не се знае.